-->
-->
Пилотот кој управувал со авионот што се урна спречил голема трагедија
-->
Пилотот кој управувал со авионот што се урна на колумбиско тло спречил уште поголема трагедија, јавуваат неколку јужноамерикански медиуми.
Имено, откако увидел дека нема да може да го одржи авионот во воздух, тој благовремено реагирал испуштајќи го целото гориво додека некако го одржувал леталото. Целта била јасна – при падот на авионот да не дојде до експлозија, која речиси сигурно ќе значела смрт за сите патници.
Според медиумите, токму со овој потег пилотот овозможил дел од патниците да ја преживеат оваа страшна несреќа.
Според најновите информации преживеани се 13 фудбалери кои се однесени во болницата во Меделин и не се наоѓаат во животна опасност.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Гостиварец собрал 760 евра за лекување, со измама му ги земале парите
-
Крвава драма во Тетово: Еден прободен
-
Убиена дива свиња пронајдена во багажник, кривична за две лица
-
Мицкоски: Не можеме повеќе да прифаќаме ултиматуми
-
АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело
-
Тешко повреден мотоциклист во сообраќајна несреќа
-
Таравари: За приватните специјализанти ќе постапиме според интересот на болниците, над 10 доктори во Штип
-
Повеќе од 130 светски лидери следната недела на Генералното собрание на ОН