Пилотите на Луфтханза повторно во штрајк

Пилотите на Луфтханза денеска се до полноќ повторно штрајкуваат, а компанијата воведе повеќе вонредни линии. Во прв ред погодени ќе бидат транспортните летови, јави Дојче веле.
Новиот, 13. по ред, штрајк на пилотите делумно ќе ги погоди и оние кои се враќаат од летните одмори во Германија. Сепак, во Луфтханза се сигурни дека со помош на вонреден план и прераспределба ќе успеат да ги пренесат сите клиенти на саканите дестинации.
Тарифниот конфликт трае веќе една ипол година, а летоска двете страни делумно се приближија. Но, изминативе недели дојде до нови недоразбирања. Критична точка сега е префрлање на работни места во странство. Притоа се работи за основните права, затоа што Луфтханза сака да ги намали трошоците за персоналот. Во најголемата германска авиокомпанија тие изнесуваат околу 23 отсто од вкупните трошоци.
Повеќе за тоа троши само компанијата Ер-Франс-КЛМ. Останатите конкуренти, пред се евтините компании, далеку ја надминуваат Луфтханза. Во Ер Берлин трошоците за персонал сочинуваат едвај 12 отсто од севкупните трошоци.
Шефот на Луфтханза Шпор притоа говори за најдоброто лето кое Луфтханза воопшто го имала. Но, тој сака и натаму да остане на актуелниот курс: намалување на трошоците за персонал - притоа и со помош на евтини авиолетови.
Пилотите не се единствените вработени во Луфтханза кои остро се противат на ваквите мерки.
Ново на Сител
-

Oслободени двајцата обвинети за случајот со Пендиков
-

Мадрид: Промовирана книгата „Во срцето на Шпанија“ - Сведоштво за храброста на македонските доброволци
-

Мицкоски по Самитот: Се бориме да вратиме што беше продадено
-

Тема на денот со Саша Богдановиќ, претседател на Српска демократска лига
-

Мицкоски од Црна Гора: Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но поради вештачки причини не ги почнавме преговорите
-

Евроамбасадорот Рокас очекува заедничка иднина со ЕУ и инвестиции во одбраната
-

По бегството во Бугарија, Ива Михаилова ќе се суди во отсуство
-

Бабата и дедото на судијата Ристов му давале пари за стан
