Пилешкото од Бразил безбедно, нема уништени или вратени пратки
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) досега нема добиено нотификација за пласирано небезбедно пилешко месо по потекло од Бразил во Република Македонија.
Како што соопшти, врз основа на извршените лабораториски испитувања досега не се добиени позитивни резултати, односно месото кое е пласирано на македонскиот пазар е безбедно, а годинава нема уништени или вратени пратки со пилешко месо со потекло од Бразил.
- Од вкупно увезените 14.010.681 килограм пилешко месо од Полска, Хрватска, Словенија, Бразил, Бугарија, Германија, Грција и Србија и други земји, оваа година, заклучно со јуни, од Бразил се увезени вкупно 3.391.011 килограм. Согласно мониторинг-планот за увоз на производи од животинско потекло, од пратките пилешко месо кои се увезуваат во земјава редовно се земаат мостри за лабораториско испитување. Во однос на месото кое се увезува од Бразил, вклучително и пилешкото, од секоја пратка се земаат задолжителни мостри за микробиолошко тестирање и за откривање на резидуи, велат од АХВ.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Оливер Спасовски координатор на пратеничка група СДСМ
-
Млад кочанчанец врзан со селотејп на скопскиот плоштад праша „Толку ли брзо не заборавивте“
-
Васил призна вина, родителите на Фросина бараат максимална казна
-
Крвава вечер во Штип: Убиство во кафуле, обид за бегство низ наплатна рампа
-
Најголема воена парада досега во Москва
-
Јубилеј 80 години од победата над фашизмот
-
Новиот папа Лео 14-ти ја отслужи својата прва миса како водач на Католичката црква
-
Ставревски и Славевски најсериозни кандитати за иден гувернер на Народната банка