Пицула: Црна Гора ќе биде следната членка на ЕУ
Црна Гора постигна сериозен напредок на патот кон ЕУ и ќе биде следната членка на Унијата, изјави Тонино Пицула, новиот известител на Европскиот парламент за Црна Гора.
Пицула додаде дека мора да се продолжи работата и реформите во рамките на нашите граници, но и дека ЕУ во Западен Балкан ја обновува својата политика за проширување за да не се отвори простор за други политички играчи од исток.
На прашањето дали верува дека политиката на проширување мора да биде поизразена во време на сè поголеми обиди за дестабилизација на нашиот регион, кои несомнено доаѓаат од Русија, Пицула рече дека апсолутно се согласува со оваа теза и дека ова е една голема тема што предизвикува дебата во сите институции на ЕУ во овој момент. Тој потенцира дека станува збор за контролирање или спречување влијанија надвор од европските фактори на политичките процеси во Западен Балкан.
– Мислам дека ова е еден од мотивите за посериозен пристап кон обновување на политиката за проширување затоа што, всушност, највлијателните земји-членки на ЕУ увидоа дека доколку нивното дејствување се намали во овој регион, ќе има простор за други играчи, рече Пицула.
Тонино Пицула, хрватски социјалдемократски пратеник во Европскиот парламент, изјави за НОВА М дека не му се туѓи проблемите на Западен Балкан, дека ја познава Црна Гора и дека новата улога на известител за земјата ја прифатил со голема радост и одговорност.
Ново на Сител
-
На Клиниката за токсикологија ноќеска пукнала цевка од парно
-
Малолетник се сомничи дека извршил обљуба врз малолетничка од Струмичко
-
Израелски цивил убиен во северен Израел
-
Трамп e подготвен да го обнови конзервативниот сојуз со Орбан
-
Сончево и потопло, утре попладне дожд и грмежи
-
Три лица каснати од кучиња во Скопје
-
Загина 20-годишно момче во сообраќајка кај Новоселани
-
Со автоматска пушка влегол во казино и одзел над 5000 евра