-->
-->
ПФЛ: Силекс триумфално во Тетово
-->

Силекс ја победи Ренова со 3:0 попладнево во Тетово на отворањето на второто коло од Првата македонска фудбалска лига. За тимот од Кратово ова беше втор триумф по двата дуела во новата сезона и со максимални шест бода се наоѓа на лидерската позиција на табелата пред одигрувањето на другите натпревари. Головите за Силекс ги постигнаа: Георгиев (29.минута), Митов (35) и Алексовски (88).
Три натпревари од 2.коло се закажани за утре. Двојките се:
Академија – Пандев – Скопје,
Пелистер – Работнички и
Вардар – Победа.
Натпреварот Шкупи – Шкендија е одложен поради настапот на тетовскиот тим во Лига Европа во Милано во четвртокот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Кушнер: Израел мора да се ослободи од воениот менталитет
-

Јаневска: Новите закони за високо образование и наука се приоритет и дел од реформската агенда
-

Осум лица завршија во болница откако 55-годишник предизвикал пожар во стан во Охрид
-

Случаен минувач го пронашол застреланиот маж кај Смилковско Езеро, приведено осомничено лице
-

Маѓар: Унгарија нема да прифати буџет на ЕУ, за кој би требало поголеми придонеси
-

Мицкоски: Буџетот ќе ни биде предизвик наредните две години, но сигурен сум дека ќе го надминеме
-

Николоски: Со „Дојче Телеком“ разговаравме за нови инвестиции и дата-центар во Македонија
-

Возрасни лица имале полови односи со малолетник кој се оддалечил од Установа за згрижување деца
