Пезешкијан: САД мора да сфатат дека Техеран нема да потклекне на притисоци
Новозибраниот ирански претседател Масуд Пезешкијан изјави дека ќе води прагматична надворешна политика, ќе гради пријателски односи со Кина и Русија, ќе се обиде да ги продолжи нуклеарните преговори со светските сили, но оти САД мора сфатат дека Иран нема да потклекне на притисоци.
Во пишаната изјава за „Техеран Тајмс“ со наслов „Мојата порака до новиот свет“, Пезешкијан нагласува дека Иран нема за цел да развие нуклеарно оружје и ќе се стреми да ги прошири односите со своите соседи и со Европа.
За политиката кон САД наведува дека Вашингтон „мора да ја сфати реалноста и еднаш засекогаш да разбере дека Иран не потклекнува под притисок и нема да се наведнува, а исто така и дека одбранбената доктрина на Иран не вклучува нуклеарно оружје“.
Масуд Пезешкијан ја опишува Русија како „вреден стратешки сојузник“ и изразува подготвеност да ја продлабочи соработката со Кина.
Што се однесува до земјите од регионот, Пезешкијан ги повика Турција, Саудиска Арабија, Оман, Ирак, Бахреин, Катар, Кувајт и Обединетите Арапски Емирати да ги зајакнат трговските односи со Иран и да соработуваат со Техеран за да се надминат „заедничките предизвици“.
Ново на Сител
-
Коцевски: Издадена наредба за приведување на седум нови полициски службеници за пожарот во Кочани
-
Едно лице повредено во сообраќајка во Аеродром
-
Затворена шахтата кај ТЦ Скопјанка во Аеродром
-
ИСВ: Путин има ресурси да води војна уште 12 до 16 месеци
-
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје
-
На БиХ поради Република Српска и се заканува финансиски крах
-
Кривична пријава за „непријавување кривично дело или сторител“
-
ДКСК утврди регулаторни ризици во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер