Петрушевски: Каква е поврзаноста на СДС и ДУИ со Сајтрокс, зошто ЈО молчи?
Како Ковачевски и Спасовски дозволиле во Македонија да се креира шпионски софтвер, каква е поврзаноста на СДС и ДУИ со Сајтрокс, зошто ЈО молчи?
Ковачевски и Спасовски треба да одговорат како е возможно во Македонија со години да се развива шпионски софтвер, за кој НАТО и САД се против, а власта ништо да не преземе?
Ова е доказ дека власта е лицемерна, и само за бледа реторика ги користи НАТО и ЕУ и САД, а кога треба да се прави профит не им е гајле за никој од нашите стратешки партнери.
Дополнително опасно е тоа што софтверот на фирма која заврши на црна листа на САД, а како што потврдија истражувачки новинари бил развиван во Македонија, и тоа со години. Дали Ковачевски и Спасовски свесно дозволиле да се развива таквиот шпионски софтвер, особено ако знаеме дека фирмата уште во 2021 година била ставена на црна листа на Фејсбук. Спасовски и Ковачевски не можат да кажат дека и за тоа не знаеле. Туку треба да одговорат зошто не преземале ништо и дали можеби и тие ги користеле услугите на тој софтвер и ако да, за кои цели?
Дали и во Македонија, како и во Грција со помош на тој софтвер се следени политичари, новинари и јавни личности, и дали тоа е причината зошто Спасовски и Ковачевски не реагирале уште кога Фејсбук ја ставил фирмата на црна листа, а не да чекаат и САД да го сторат истото? Како може Спасовски и Ковачевски да немаат ефективна контрола и знаење што се случува во Македонија, а тоа да го знаат во САД? Очигледно е дека знаат, но не реагираат.
Спасовски и Ковачевски ја загрозуваат нашата безбедност, го загрозуваат НАТО и сите сојузници. Со вакви неспособни политичари, Македонија оди само надолу.
ЈО да не биде само посматрач и да реагира, зошто со свесно нереагирање станува соучесник.
Прес-конференција на Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Со дел од раководство зад себе, Филипче на прес конференција остро ја нападна Платформата 12.05
-

Мицкоски: Нема да прифатиме процес со нови вета и уцени на патот кон ЕУ
-

Пратеници предложите “соби за пушење” во новиот закон, а министерството за здравство не прифаќа
-

Корупцијата во нашето здравство е толку многу инкорпорирана што граѓаните и не ја препознаваат
-

Македонија стана полноправна членка на Светската организација на земји производители на тутун
-

Тема на денот со Славјанка Петровска, пратеничка
-

Анализа: Амбиција за ЕУ, но и незадоволство од процесот во говорот на Мицкоски
-

Вајц: Напредокот и е потребен на Македонија без разлика дали ќе сакате да се приклучите во ЕУ
