Петровска во посета на припадниците на Армијата во Кампот за обука на вода во Охрид
Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска во Охрид ги посети припадниците на Армијата во Кампот за обука на вода, кој е дел од армискиот Центар за поддршка на обуката во Командата за обука и доктрини.
Како што соопшти денеска од МО, Петровска на средба со командирот на Кампот, потполковникот Ванчо Ташев упати порака дека инвестирањето во човечките капацитети, заедно со опремувањето со нова и модерна опрема, е прв приоритет за Министерството и дека обуката на вода е еден значаен сегмент за севкупен развој на способностите на припадниците на Армијата.
– Министерството и Армијата активно вложуваат во способностите на армиските припадници. Силата на нашата Армија доаѓа од силата на секој наш припадник поединечно и затоа посветуваме особено внимание на Воената академија и сите наши центри за обука во армиската Команда за обука и доктрини, вклучувајќи го и Кампот за обука на вода во Охрид, изјави министерката Петровска.
Кампот за обука на вода изведува обука во пливање, нуркање, изработка на импровизирани пловни средства и совладување на водени препреки за припадниците на Армијата, вклучувајќи ги и специјалните единици.
Ново на Сител
-
Пукање во Чаир, повеќе лица повредени
-
Македонија и Хрватска ја продлабочуваат образовната соработка
-
Трамп најави масовни помилувања откако Бајден го помилува синот Хантер
-
Зеленски до Шолц: На Украина и се потребни повеќе системи за противвоздушна одбрана
-
Претседателот на Собранието Гаши на аудиенција кај шведскиот крал
-
Белгија прогласена за виновна за киднапирање деца во Конго под колонијална власт
-
Раководството на КМФМ заедно со двајцата медалисти од европското на прием кај градоначалникот на Аеродром
-
МВР објави оглас за вработување на 101 лице