Петровска со честитка до граѓаните: Независноста не е само збор, тоа е духот на народот обединет со заеднички вредности и соништа за иднината

Министерката за одбрана Славјанка Петровска со видео-обраќање на сите граѓани на Северна Македонија им го честиташе Денот на независноста, 8. Септември.
Во честитката, министерката Петровска порачува дека независноста не е само збор, туку тоа е духот на народот обединет со заеднички вредности и соништа за иднината и дека храбрите одлуки се втемелени во македонскиот непокор. Горди на минатото, порачува министерката, се поклонуваме на историјата, но живеејќи во сегашноста да се обединиме за европската иднина на Македонија.
Во продолжение е целосната честитка од министерката Петровска до македонските граѓани:
- Илјадници страници испишани на македонски јазик раскажуваат за борбата и непокорот кои се спротивставуваат на секој обид ова парче земја да биде поробено.
Аманетот кој ни го оставија храбрите илинденци и гордите асномци и мудроста која ја имаат македонските современици се нашиот штит и меч во борбата да ги оствариме вековните стремежи за независна и суверена Македонија.
Независноста не е само збор, туку тоа е духот на народот обединет со заеднички вредности и соништа за иднината.
Денес, на Денот на независноста ја чествуваме издржливоста и решителноста на секој Македонец, Албанец, Турчин, Влав, Ром, Бошњак и секој еден граѓанин на Македонија.
Стоејќи гордо под знамето на сонцето да се потсетиме и поклониме на жртвите на оние кои го дадоа животот за денес да го живееме вековниот сон.
Храбрите одлуки се втемелени во македонскиот непокор и затоа горди на минатото, се поклонуваме на историјата, но живеејќи во сегашноста да се обединиме за европската иднина на Македонија. Нека ни е честит Денот на независноста, се вели во честитката од Петровска.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Мицкоски оптимист по средбите со Мерц и Макрон
-

Филипче: Самитот во Тиват испрати јасен сигнал дека западниот Балкан припаѓа во ЕУ
-

Почна полагањето на државната матура - над 14.500 ученици седнаа на жешките столчиња
-

Се крои новата цена на парното, старите цевки летово ќе поминат „стрес-тест“
-

ИЈЗ го отвори првото државно психолошко советувалиште за деца и младинци
-

Струмичката болница доби кабинет за менаџирање на дебелината
-

Ургентен центар за два региони во КБ - Штип
