Петровска ќе ги посети македонските војници кои се дел од мултинационалните сили на НАТО во Бугарија
Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска ќе ги посети припадниците на Армијата на Република Северна Македонија кои се дел од мултинационалните сили на НАТО во Бугарија, соопшти Министерството за одбрана.
Во базата во Ново Село каде што се сместени мултинационалните сили на НАТО, министерката Петровска и нејзиниот бугарски колега Тодор Тагарев ќе бидат пречекани од македонскиот и бугарскиот контингент, по што министерката Петровска ќе има средба со македонските војници распоредени во овие НАТО сили.
Армијата на Република Северна Македонија во мултинационалните сили на НАТО придонесува од ноември 2022 година, и тоа со контингент во јачина од еден вод. Во овие сили има над 1.000 припадници од сојузниците Северна Македонија, Бугарија, Албанија, Грција, Црна Гора, Турција и САД, под водство на Италија.
Ново на Сител
-

Да се вози внимателно, магла на повеќе патишта низ државата
-

Годишниот извештај за работата на ФЗО пред матичната собраниска комисија
-

Дел од центарот на Скопје денеска без вода
-

Цените на угостителските услуги за една година зголемени за 3,4 отсто
-

Отворање на новите простории на Институтот за трансфузиона медицина во Тетово
-

Во Кран-Монтана затворен хотел со пет ѕвезди поради проблеми со противпожарната безбедност
-

Трамп: Неопходен е нуклеарен договор, што ќе го замени Нов Старт
-

Приведен е и вториот осомничен за фрлањето бомба врз куќата на Здравко Чолиќ во Белград
