Петровска - Јаин: Алијансата е побезбедна со Шведска во НАТО, над една милијарда луѓе посигурни

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска се сретна со амбасадорката на Кралството Шведска во Северна Македонија, Ами Ларсон Јаин, на која и го честиташе полноправното членство во НАТО.
Како што соопшти Министерството за одбрана, Петровска рече дека членството на Шведска ја зацврстува Алијансата и безбедноста на над една милијарда луѓе во светот.
-Северна Македонија беше јасна во својот став за поддршка на шведското барање за приклучување кон најмоќната Алијанса во светот. Тоа го потврдивме и на 27 јули минатата година кога Собранието ги ратификуваше протоколите за влез на Финска и Шведска во НАТО. Нашата цел е иста – заштита на секоја педа НАТО територија и заштита на нашите граѓани, рече министерката и додаде дека она што нè врзува се вредностите на демократијата, слободата и почитувањето на меѓународниот правен поредок.
Амбасадорката Ларсон Јаин, како што наведува МО во соопштението, се заблагодари за јасната поддршка од Северна Македонија во периодот на приклучување на Шведска во НАТО.
-Таа додаде дека земјата е посветена на јакнењето на колективната безбедност на Алијансата, наведува Министерството за одбрана.
Шведска официјално се приклучи на НАТО како 32-земја членка на 7 март 2024.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Митрополитот Европски Пимен
-

Цената на нафтата од Северното море со драстичен скок, авиокомпаниите имаат гориво за уште 3 недели
-

Алергиите кај деца во подем - кивање, чешање на очи и на нос
-

Зголемена фреквенција но не и застој
-

Велики петок, најтешкиот ден во христијанството
-

Историски исчекор за МПЦ во Италија
-

Утре САД и Иран на преговори во Пакистан
-

Унгарија пред политички крстопат – сè е подготвено за изборите в недела
