Петровденски марш до Царев Врв на Осоговските Планини
Планинарското спортско друштво „Осогово“ од Кочани во текот на вчерашниот ден го реализираше традиционалниот десетти по ред планинарски Петровденски марш со искачување на врвот Царев Врв на 2.085 метри н.в.. Планинарскиот марш се реализира по повод Петровден празникот на градот Кочани.
- На планинарскиот Петровденски марш учествуваа 170 планинари од Кочани, како и планинари од Прилеп, Гевгелија, Неготино, Штип, Пехчево, Велес, Скопје и од соседна Република Бугарија. Патеката од Пониква на 1.600 метри н.в. до Царев Врв 2.086 метри н.в., во должина од 35 километри во двата правца, плнанинарите ја поминаа за 9 часа со леснотија и покрај планинскиот терен и високите температури, изјави Сашко Стефановски од ПСД „Осогово“ од Кочани.
На клубовите учесници на маршот, како и на најмладиот и најстариот учесник планинар им беа доделени благодарници.
Ново на Сител
-
Тешка сообраќајка во Прилеп: Се судриле камион и мопед, возачот на камионот избегал
-
Нова авиолинија Скопје-Рига-Скопје
-
Кривична пријава против две лица, расчистени 4 кривични дела, одреден притвор
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи
-
Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – Еден од напаѓачите негов колега
-
ЦУК: Пронајден е изгубен планинар на Плачковица
-
Земјотрес регистиран во Скопје
-
Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението