Петриња и Сисак претрпеа најмногу штети во разорниот земјотрес што ја погоди Хрватска
Петриња и Сисак претрпеа најмногу штети во разорниот земјотрес што денеска ја погоди Хрватска.Главнот град Загреб исто така претрпе големи штети.
Улиците на Петриња се полни со урнатини, оштетени се голем број згради, а спасувачите трагаат по преживеани, објави телевизијата Н1.
Сите расположливи противпожарни единици од Загреб се на пат кон Петриња, каде спасувачките служби и пожарникарите со голи раце ги пребаруваат урнатините. Градоначалникот на Петриња, Даринко Думбовиќ потврди дека засега има информации за едно загинато дете.
Луѓето се на улица, јавуваат хрватски медиуми. Во Петриња во прекин се телефонските врски.
Во Загреб има сообраќаен колапс по силниот земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала, а полицијата ги повика граѓаните да користат лични возила само во итни ситуации.
Загрепската полиција ги повика граѓаните да следат други препораки во случај на земјотрес.
Поголемиот дел од градот е без струја, а на улиците има сообраќаен колапс, по земјотресот, чиј епицентар беше во близина на Петриња, јавија хрватски медиуми.
Претходно хрватската полиција ги повика граѓаните да излезат на отворено доколку се во можност и да се оддалечат од зградите што се во опасност да се урнат по денешниот силен земјотрес.
Ново на Сител
-
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје
-
Остин: Нема индиции дека Хамас планира напад врз американски војници во Појасот Газа
-
„Цитроен“ удрил во електричен тротинет, повредени двајца малолетници
-
РБГ: Расте индексот на слободата на медиумите во Македонија
-
Автобус падна во длабока провалија во Пакистан, најмалку 20 загинати и 21 повреден
-
СПМ: Гласањето на 8 мај е пресудно за иднината на државата
-
Приведени двајца дилери од Кичево
-
Приведена 50-годишна жена за кражба во продавница во Гостивар