Петмина загинати, 132 повредени во протестите во Ирак

Пет лица се убиени, а 132 повредени денеска во нови судири на ирачките безбедносни сили и демонстрантите низ целата земја, со што се зголеми бројот на загинати во протестите од вчера на најмалку седум.
Во јужниот ирачки град Насирија се случи размена на оган откако беа распоредени елитните антитерористички единици откако полицијата „изгуби контрола“ на ситуацијата.
Протестите, кои започнаа вчера поради невработеност, тешка економска состојба и недостиг на основни услуги како што се електрична енергија и вода, денеска ескалираа.
Многу демонстранти извикуваа „пад на режимот“, слоган користен во 2011 година за време на Арапската пролет.
Портпаролот на Министерството за внатрешни работи изјави дека едно дете е убиено кога демонстрант во југоисточниот дел на Багдад фрлил молотов коктел кон возило во кое имало цивили.
Во јужниот град Насирија демонстрант беше убиен кога полицијата отвори оган да ја растера толпата, додека друг починал од здобиени повреди.
Полицијата и војската отворија оган и употребија солзавец за да растераат стотици демонстранти низ Багдад.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Љупчо Петковски, аналитичар
-

Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите, фокус е ефикасност на институциите
-

Кога бесплатен роаминг со ЕУ?
-

Софија не прифаќа европски медијатор во дијалогот со Скопје
-

Откупот на тутунот ќе започне на 16 ноември, се очекува откуп во една класа по цена нешто поголема од лани
-

Партиите со меѓусебни обвинувања за Алта банка
-

Независниот синдикат на професионални војници излезе на протест пред Владата
-

Во Дојран откриен најстариот меч во Македонија, стар околу 3.500 години
