-->
-->
Петмина повредени во сообраќајка во Берово
-->
На 17.03.2019 околу 04.30 часот на место викано „Трската“ во Берово, патничко возило „Сеат леон“ со беровски регистарски ознаки, управувано од Д.Ш.(27) од село Умлена, пехчевско, изгубило контрола и излетало од патот.
Притоа со повреди се здобиле возачот и четворицата сопатници М.Т.(27), М.Т.(27), М.П.(32), тројцата од село Смојмирово и П.П.(23) од Пехчево.
Сите биле пренесени во Здравствен дом Берово каде им била укажана лекарска помош, по што П.П. и М.Т. биле пренесени во Клиничката болница Штип. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Берово.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Марјан Ристески, заменик министер за економија и труд
-
Средба Мицкоски - Таравари ќе има, Ахмети не разговарал со Алијанса за општини
-
Фетаи со честитка за „Слободна зона Карадак„ - Избриша видео со знаме на голема Албанија
-
Мерките завршија, граѓаните стравуваат од нагло поскапување во маркетите
-
Јавниот долг на најниско ниво во последните 5 години
-
Македонија падна за шест места на Индексот за слобода на медиумите
-
Протест на вработените во Зоолошка градина - Тврдат дека немаат земено плата за март, останале и без здравствено осигурување
-
Преглед на вестите од светот