Петмина од 20-те приведени на распит пред истражен судија

До сега петмина од приведените се спроведени на распит пред истражен судија во Кривичниот суд. Тие се дел од уапсените во акцијата Рибар на Финансовата полиција и заедно со уште 15 други лица се товарат дека го оштетиле државниот буџет за над 1 милион евра.
Финансовата полиција поднесе кривични пријави против 20 физички и 15 правни лица за даночно затајување, со извршителство и злоупотреба на службена положба. Најголем дел од нив се управители на фирми, но има и сметководители и банкари кои биле дел од издавањето лажни фактури и подигнување пари од сметките на фирмите како позајмици или материјални трошоци без покритие. Со тоа преку поврат на ДДВ, како и по основ на данок на добивка и персонален данок на доход нанеле штета на буџетот од над 1 милион евра.
Мирјана Јовеска
Ново на Сител
-

Протест пред Усје, граѓаните бараат итна дислокација
-

Протест пред Усје
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор во Софија
-

Статус кво се активностите за непотребни кардиохируршки интервенции
-

Преглед на вестите од светот
-

4 години затвор за поранешниот директор на Геријатрија
-

Судијата Ѓоко Ристов не бил под ПИ-мерки, парите почнале да паѓаат од ѕидот по мало кршење
-

Излизгани автобуси, затворени патни правци, отежнат сообраќај - снегот предизвика главоболки на службите
