Петмина конзервативци останаа во трката за нов лидер и премиер на Велика Британија
Петмина функционери од Конзервативнат партија останаа во изборната трка за нов лидер и иден британски премиер.
За наследник на Дејвид Камерон, кој минатиот петок поднесе оставка по поразот на референдумот за ЕУ, ќе се борат Тереза Меј, сега министер за внатрешни работи, Мајкл Гоув, актуелен министер за правда, Стивен Краб, министер за труд и пензии, како и заменик министерот за енергија Андреа Лидсом и поранешниот министер, сега пратеник Лијам Фокс.
Непосредно пред истекот на рокот за номинирање, од трката се откажа фаворизираниот поранешен градоначалник Борис Џонсон, откако утврди дека не ќе може да обезеди партиска поддршка за својата кандидатура.
Претходно од трката самиот се елиминира министерот за финасии Џорџ Озборн кој својата одлука ја објасни со неможноста, како силен противник на Брегзит, да обезбеди единство во партијата, неопходно за водење на владата.
Како кандидати до претпладнево фигурираа и актуелните министри Џереми Хант, Ники Морган, Саџид Џавид, како и пратеникот Џон Барон.
Според лондонските обложувалници, по повлекувањето на Џонсон, сега како прв фаворит е шефот на Хоум Офисот, Тереза Меј.
Таа во поделбата во владата околу референдумот му остана лојална на Камерон и беше за останување на земјата во ЕУ, но во текот на кампањата ниту еднаш не се промовираше како силен противник на Брегзит.
Кандидирањето на Гоув, беше означено како „големо изненадување“ затоашто овој поранешен новинар тврдеше дека нема амбиции да влезе во Дауниг стрит 10, но тоа траеше до откажувањето на Џонсон.
Стивен Краб (43) е најмладиот од сите кандидати, а министер за труд и пензии стана по оставката на Ијан Данкан Смит, пред два месеци. Важи за ѕвезда во подем во партијата.
Андреа Лидсом (53) е поранешен банкар. Во Парламентот е од 2010 година, а заменик министер од мај 2015 година.
Поранешниот министер за одбрана Лијам Фокс (54) беше во првата влада на Камерон помалку од две години. Поднесе оставка кога се разбра дека лобирал за фирма на својот венчален кум.
Фокс и припаѓа на партиската десница, каде може да се сместат и Меј и Гоув.. Сите се евроскептици, но околу референдумот Меј и Краб беа за останување во ЕУ, додека Гоув, Лидсом и Фокс за Брегзит.
Сите во првите изјави ветуваат обезбедување единство во партијата која остана длабоко поделена околу односот кон ЕУ и во текот на кампањата за референдумот.
Ново на Сител
-
Бискупот Стојанов упати Велигденска честитка до Архиепископот г.г. Стефан и верниците
-
Пронајдено тело на починат маж во Вардар во Велес
-
Благодатниот оган и оваа година од Ерусалим ќе пристигне во Грција
-
Зеленски: Русија во април употреби 300 ракети, 300 дронови и 3.200 касетни бомби во нападите врз Украина
-
ДСЗИ најави забрана на Клиниката за токсикологија за здравствени работници без договори за вработување
-
Во рамки на акцијата „Темпули“ полицијата во Тирана уапси 20 лица и заплени кокаин, хероин и канабис
-
Приведени 14 државјани на Србија кои измамиле германски државјани за милион евра
-
Зголемен бројот на работници во индустријата