Петмина Чеси исчезнаа во Либан

Петмина Чеси и нивниот возач, либански државјанин, вчера исчезнаа во источниот дел на Либан, соопшти денеска чешкото Министертсво за надворешни работи.
Како што јави дописникот на МИА од Прага, исчезнатите Чеси се на возраст од 25 до 47 години.
Либанските медиуми објавија дека возилото со кое патувале Чесите било пронајдено вчера на 300 метри од една полициска станица во популарното туристичко место Кефраја во западниот дел на долината Бека, во близина на границата со Сирија.
Во возилото либанската полиција пронашла фотографски апарати, одредена сума пари, како и пасошите на Чесите.
Портпаролката на чешкото Министерство за надворешни работи, Михаела Лагронова изјави дека од локалните безбедносни сили добиле информација оти „во напуштен автомобил во долината Бека биле најдени пет чешки пасоши, вредносни предмети и кредитни картички“.
Според Лагронова, идентитетот на исчезнатите не е познат.
За исчезнувањето алармирал таткото на либанскиот возач, кој во полицијата пријавил дека во текот на ноќта неговиот синот не дошол дома.
Извор од либанската Армија соопшти дека постои стравување оти Чесите се киднапирани. - Спроведуваме претерси по локалните хотели и по други места во тоа подрчје, дополни истиот извор.
Киднапирањата се ретка појава во Либан по завршувањето на граѓанската војна во 1990 година. Последен случај на киднапирање во земјата е регистриран во 2011 година, кога група вооружени лица во долината Бека како заложници задржаа седуммина велосипедисти од Естонија, кој беа ослободени по четири месеци по наводна исплата на откуп.
Мотивите за ова киднапирање никогаш не беа до крај разјаснети, иако се твирдече дека киднаперите и припаѓале на терористичката мрежа Ал Каеда.
Долината Бека е позната по беззаконие, шверц со дрога и повремени престрелки меѓу локаланите кланови.
Ново на Сител
-

Премиерот најави средба со потенцијални купувачи на Алта Банка АД Битола
-

Македонија доби подобар извештај од лани, но има уште многу задачи
-

Брисел бара посилна борба против корупцијата
-

Бизнисменот Зоран Азманов нападнат во судница во граѓанскиот суд
-

За 4.000 евра заем, барале 2.500 евра камата - детали за вчерашната акција во Куманово
-

Директорот на средното уметничко тврди дека ученикот испрскал пепер спреј, а не солзавец
-

Во Македонија нема адреналински пенкала кои спасуваат животи од тешки алергиски реакции
-

Прв „Нефро-Самит“ во Скопје во организација на Клиниката за нефрологија
