Петмина битолчани и прилепчани проневериле платежни картички

Петмина македонски државјани од Битола и Прилеп се осомничени дека скимирале платежни картички на банкомати, односно вградувале апарати за читање на податоци што подоцна ги користеле за изработување на лажните платежни картички што биле употребувани во Македонија и во странство.
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во денешното соопштение наведува дека донело Наредба за спроведување на истражна постапка против пет македонски државјани од Битола и Прилеп. Осомничените се товарат дека сториле кривични дела „перење пари и други приноси од казниво дело“, “изработка и употреба на лажна платежна картичка” и „злосторничко здружување“ по одредби од Кривичниот законик.
Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до судијата на претходна постапка од Основниот суд Скопје 1 – Скопје за четворица од осомничените доставил предлог за определување мерка – притвор, додека за едно лице предложи мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиштето, односно престојувалиштето, обврска на обвинетиот да се јавува повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган и привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање.
Ново на Сител
-

Голем ризик за пожари на отворен простор и шумски пожари
-

Втор ден гори депонијата во Крива Паланка
-

Жештините ја зголемија потрошувачката на струја
-

Му го пресекол патот па избегал, ОЈО бара мерки на претпазливост за сообраќајката во Радишани
-

Зголемен број на повредени во сообраќајќи и скршеници поради колабирања бележат во Ургентен на Клинички
-

Подобрена е состојбата на повредениот пациент во Турција кој вчера беше транспортиран на Клинички
-

СДСМ бара одговорност за случајот во Ново Село, ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека „младите“ се насилници
-

„Силно светнал ден“ за 35 години независност
