Петков: Лага е дека нема пари во буџетот на Бугарија
Бугарскиот премиер Кирил Петков за време на гласањето за недоверба на владата, поднесено од опозициската партија ГЕРБ, кажа дека растот во првите три месеци бил четири отсто и праша за каков економски колапс зборува опозицијата.
Бугарија има повисок раст од Германија за првите три месеци од годината, каде растот е 3,7 отсто, а во Бугарија е четири отсто, јави дописникот на МИА од Софија.
Долгот на Бугарија се намалува на 30,5 милијарди лева (15,3 милијарди евра). Бугарија е трета во ЕУ според Евростат со најнизок долг како процент од БДП по Естонија и Луксембург. Петков рече дека не е точно дека буџетот на Бугарија е без пари.
Фискалната резерва е 9,3 милијарди лева (4,7 милијарди евра) со услов од четири милијарди лева (две милијарди евра).
За една година има досега незабележен раст на пензиите од 55 отсто, што не се случило во последните 13 години, рече Петков. Тој потсети дека минималната пензија е зголемена од 300 на 370 лева (150 на 165 Е), а во јули со ажурирањето на буџетот беше предложено пензијата да достигне 460 лева (230 лева).
Минималната плата од 650 лева (325 евра) сега стигна до 710 лева (360 евра).
Ново на Сител
-

Финансиска поднесе кривични против повеќе лица за измама, фалсификување и даночно затајување
-

Телото на исчезнатиот скопјанец синоќа било извлечено од водите на Охридското Езеро
-

„Иднина која инспирира“: Пет проекти добиваат поддршка од dm, а граѓаните избираат меѓу три за дополнителна поддршка
-

Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор, Весељи на 18
-

До сабота стабилно време, од понеделник дожд
-

Николоски: Да се најде решение за превозниците и да се овозможи слободен проток на стоките
-

Саудиска Арабија откажува испораки на нафта за Европа по напад со дрон - Цената на берзите е 122 долари за барел
-

По две години бегство, уапсен осуденик за недозволена трговија со дрога
