Петиција за смена на косовскиот претседател поради апсењето на „ѓуленисти“
Во Приштина е покрената петиција за смена на косовскиот претседател Хашим Тачи поради вчерашното апсење и депортација на шестте турски државјани, кои за официјална Анкара се припадници на движењето ФАТО, чиј лидер е Фетулах Ѓулен.
Пратеничката Мимоза Кусари-Љиља на Фејсбук побара смена на Тачи, бидејќи според неа, тој ја наредил акцијата.
- Треба да се покрене процедура за смена на претседателот во момент кога е утврдено неговото учество во вчерашните настани, истакна Кусари-Љиља по повод екстрадицијата на „ѓуленистите“.
Според косовските закони, претседателот може да го смени Парламентот во случај ако биде осуден за извршување на кривично дело, ако се утврди дека сериозно го прекршил Уставот или ако не е способен да ја извршува функцијата поради тешка болест.
Претходно, косовскиот премиер Рамуш Харадинај ги разреши министерот за внатрешни работи Фламур Сефај и директорот на разузнавачката служба Дритон Гаши.
Премиерот Харадинај во првата реакција по апсењето на шестте турски државјани и нивното протерување во Турција, изјави дека за акцијата не била известена ниту една институција во Приштина.
Одлуката за смената на министерот за внатрешни работи и директорот на разузнавачката служба е донесена синоќа на итниот состанок, на кој покрај Харадинај присуствуваа и косовскиот претседател Хашим Тачи и шефот на косовската дипломатија Беџет Пацоли.
Во Косово вчера беа приведени и екстрадирани шест турски граѓани под обвинение дека се поврзани со училишта финансирани од движењето на Фетулах Ѓулен, кој за Анкара е организатор на неуспешниот државен удар во јули 2016 година.
Дел од балканските држави се под притисок на Турција да затвораат приватни училишта поврзани со муслиманскиот проповедник Ѓулен, кој живее во САД. Тој отфрла каква било врска со пучот во 2016 година во Турција.
Ново на Сител
-
Еден повреден во пожарот во Кочани се враќа од лекување во странство
-
Македонец фатен во Србија со 3 грама марихуана, мора да плати 100.000 динари за хуманитарни цели место кривична пријава
-
Пијан го возел на трактор своето 12-годишно дете кое било изложено подолг период на ниски температури
-
Истрага за 43 лица за измами со „брзи кредити”, невработени лица ги прикажувале како вработени и кредитоспособни
-
Уапсени двајца скопјани, се тепале пред Градски стадион
-
Изложба на Чатмов во Чифте амам
-
СДСМ: Зошто четири недели по трагедијата во Кочани се уште нема проширување на истргата?
-
Потопло време во наредните денови