Петгодишно чеченско момче постави рекорд од 4.105 склека па доби „мерцедес“ од Кадиров
Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров му подари „мерцедес-бенц“ на петгодишното чеченско момче кое постави рекорд со 4.105 склека, а потоа побара од момчето да вежба на хаубата од автомобилот, пренесува РТ.
Малиот мускулест Рахим Куриев, наречен чеченски Шварценегер, наводно, го постигнал рекордот за 2 часа и 25 минути, вели републичкиот министер за спорт, Муса Ханариков, а потоа му го посветил потфатот на Кадиров.
Трогнат од гестот, Кадиров го посетил Рахим за да му годаде подарокот.
„Овој автомобил ти е подарок од Ајман Кадирова (мајката на чеченскиот лидер), претседателка на добротворната фондација ‘Ахмат Кадиров’ (неговиот починат татко). Дозволи му на татко ти да те вози во него зашто ти заслужуваш да патуваш во бел ‘мерцедес’, му рече Кадиров на Рахим кога му го предаде подрокот.
Како одговор момчето му се пофали дека може да направи и 5.000 склека ако е потребно. Оттогаш Рахим стана славна личност во Чеченија, во рускиот регион Северен Кавказ. Неговиот „Инстаграм“ е исполнет со фотографии и видеа на момчето како крева тегови, се бори со рака и учествува во спаринг за борачки вештини.
Рахим ќе мора да го повтори својот подвиг следната недела за да биде признат од Руската книга на рекордите, од каде што рекле дека, наводно, има некои мали проблеми во снимањето на постигнувањето на рекордот.
Ново на Сител
-
Осуденици добивале привремено ослободување: Истражните органи со детали за денешната акција
-
Тема на денот со Јован Јоновски, хералдичар
-
Критики од европските претставници за гласањето во ООН
-
9-тото електрично возило за чистење на БРАКО излезе на пазарот
-
Пратенички прашања: Од резолуцијата во ОН, преку Коцевски, до кој какво млеко пие
-
Уште 8 амбасадори се пакуваат за дома
-
Заменик градоначалникот на Скопје си поднесе оставка - Арсовска тврди дека таа го разрешила
-
Македонија сака да увезува отпад од ЕУ - Пратениците расправаат за последиците од аерозагадувањето