Пет повредени и двајца приведени по физички напад во тетовско кафуле
Тетовци на 18 и 22 години завршиле во полициска станица како приведени за напад врз сопственик на локал и менаџерот, како и оштетување на инвентарот. Настанот се случил околу 21 часот кога сопственикот и вработените се подготвувале за затворање на кафе барот, а притоа повредени се пет лица.
-Полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода Ф.Д.(22) и М.С.(18) од Тетово, кои претходно биле пријавени дека во угостителски објект на улица „133“ физички ги нападнале сопственикот Г.К.(39) и менаџерот на објектот Ж.С.(33). Воедно причиниле и оштетување на инвентарот во објектот. Во физичката пресметка во која, според пријавеното, учествувале повеќе лица, а на која и претходела вербална расправија помеѓу двајцата пријавени и сопственикот и менаџерот на објектот, се користеле различни тврди предмети и при тоа повредени се пет лица, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
По пријавата во кафе барот, извршен е увид по што ќе се работи на расчистување и документирање случајот како и изготвување соодветни поднесоци.
Ново на Сител
-
Тим на лекари ќе се грижат за повредените пациенти во центарот за рехабилитација Пониква
-
Полициски час во делови на Лос Анџелес: Градот прогласи вонредна состојба
-
Руски дронови го погодија Харков – двајца загинати, 37 повредени
-
Вучиќ во Украина: Прва посета од избувнувањето на војната
-
САД и Кина постигнаа начелна согласност за трговската рамка
-
Седници на две собраниски комисии
-
„Сапорт Кочани“ ја исплати фактурата за првата тура компресивна облека
-
Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува со завршен збор на Обвинителството