-->
-->
Пет лица загинаа во самоубиствен напад во Пакистан
-->
Пет лица загинаа во денешниот самоубиствен напад врз комплексот владини згради во североисточен Пакистан.
Нападот се случи во Галанаи во племенскиот регион Мохманд. Одговорноста за нападот ја презеде талибанската група Џамат-ул-Ахрар.
- Еден од напаѓачите пристигнал пешки и отворил оган врз безбедносните сили, додека друг со мопед удри во главната капија на комплексот, изјави Хамидулах Катак, претставник на локалната администрација.
Напаѓачот кој пристигна пеш е убиен, додека тој на мопедот успеал да го активира експлозивот што гоо имал на себе, при што загинаа петмина.
Меѓу загинатите тројца се полицајци, а двајца случајни минувачи.
Полицијата соопшти дека трет бомбаш-самоубиец го активирал експлозивот за време на рацијата во тој регион.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Раст на невработеноста во ЕУ на месечно ниво
-
Извлечени плеј-оф двојките за осминафиналето на ЛШ: Реал против Сити, Баерн игра со Селтик
-
Тошковски: Загинувањето на Фросина не е само несреќа, туку резултат на пропусти во системот
-
„Врските не враќаат човечки живот“, почна протестот на Партизанска за загинатата Фросина | ФОТО
-
„Утеха ни на небо ни на земја, животот уште незапочнат најсвирепо згаснат“, емотивен статус на таткото на Фросина
-
Парното поскапува просечно за 100 денари
-
Свекор полово ја вознемирувал 31-годишната снаа од Косово
-
Маркетите и трговските центри низ Хрватска празни, во тек голем бојкот