Македонија
12. November 2016 - 16:08

Пет лица повредени во сообраќајка на патот Делчево - Берово

Пет лица се повредени од кои две потешко во сообраќајна незгода меѓу патничко и товарно возило што се случи попладнево на регионалниот пат Делчево - Берово кај селото Нов Истевник. 

Како што изјави раководителот на Итната медицинска помош во Делчево, Гоце Стоименовски, двете лица со потешко повреди на главата и вратот се пренесени во Клиничката болница во Штип, а другите се пуштени на домашно лекување. Возачот на товарното возило по лекарскиот преглед е пуштен на домашно лекување.

Од СВР Штип информираат дека во моментот се врши увид на местото на несреќата, а за причините кои довеле до неа дополнително ќе информираат.