Пет илјади македонски граѓани побарале помош да се вратат во државава, 2100 ги прифатиле условите

Пет илјади македонски граѓани кои се наоѓаат надвор од државата побарале помош од Министерството за надворешни работи да се вратат дома до крајниот рок за пријавување 18 часот на 22 март 2020 година. Досега се обработени 4000 од пријавите, а 2100 граѓани се согласиле со поставените услови и ќе се вратат организирано.
Ова го соопшти министерот за надворешни работи Никола Димитров во гостување во емисијата Топ тема на телевизија Телма.
– Заклучно со 18 часот на 22 март кога заврши вториот повик беше таа бројка околу 5000 граѓани кои побараа помош да се вратат. Првиот повик заврши со 2333 граѓани. Имаме 5000 македонски граѓани кои бараат помош да се вратат дома. Нашите луѓе, дежурниот тим се јавува на секој поединечно да каже дека заради кризата ќе треба да имаат извесен надомест за трошоците за чартер летот и дека ќтреба да прифатат да поминат во карантин 14 дена кој го покрива државата. Досега имаме околу 4000 обработени од 5000 пријавени и утре ќе заврши овој процес. Од тие, 2100 се согласуваат со условите. Ние нема да имаме ресурси да организираме чартери бидејќи имаме по еден граѓанин што се пријавил во Тајланд, во Нов Зеланд. Пред се ќе одиме во земјите каде има голема концентрација и најмногу барања, како што се европски земји, изјави Димитров и додаде дека согласно уредба од Владата донесена денеска задача на МНР е јавувањето и правењето списоци, а Генералниот секретаријат ќе упати повик до авиокомпании да се организираат чартер летовите да се вратат овие граѓани дома.
Истакна дека целта е пред се да се помогне на тие што се затечени и не можат да се вратат, оние кои немаат друга дома.
Соопшти дека во Германија има најмногу македонски државјани, од каде ќе има организирано повеќе чартер летови, а меѓу побројните е и Малта.
-Полска имаше чартер од кај нас, па имавме повик и од 33-ца државјани, многу малку прифатија карантин. Утрово имавме копнен конвој со 63 наши државјани кои дојдоа од Црна Гора, а на одење ние однесовме 15 црногорски државјани. Таква соработка ќе имаме и со Германија и со други земји, рече Димитров и оцени дека за десетина дена Европа и светот во смисла на ред и правила се вратиле назад веројатно седум-осум децении.
Ново на Сител
-

Малолетник се заканувал со пиштол на 18-годишник по расправија во с.Оризари
-

На одбележувањето на 150 годишнината на Разловечкото востание најавена граѓанска иницијатива за прогласување на Разловци за заштитена историска целина
-

Насилството врз жените и родовата еднаквост во фокусот на средбата Пешевска – Аким Али
-

Лафчиски на состанокот на Воениот комитет на НАТО во Брисел
-

Силекс и Шкендија во борба за Купот на Македонија на арената „Тодор Проески“
-

Сиљановска-Давкова: Македонија не бега од вето, но тоа да биде поврзано со Kопенхашките критериуми, а не со идентитетските прашања
-

ФФМ покрена дисциплинска постапка против Вардар за недоличната прослава на титулата
-

Два големи шумски пожари горат во јужна Калифорнија
