Пет денари зголемена капитација за стоматолозите

Околу 1.146 тимови на стоматолози кои што работат во 963 ординации од 1 јануари 2016 година ќе добијат зголемување на капитацискиот бод за пет денари, најави денеска на прес-конференција министерот за здравство Никола Тодоров.
Појасни дека по сеопфатна анализа на состојбите во примарното здравство Фондот за здравство, одлучено е капитацискиот бод за стоматолозите од 35 да се зголеми на 40 денари, односно зголемување за 14 проценти. Средствата се обезбедени од буџетот на Фондот за 2016 година, а фискалната импликација во делот на зголемување на капитацијата за стоматолози ќе биде 75,3 милиони денари годишно. Фондот ќе исплаќа 599,3 милиони денари годишно за матичните стоматолози.
За подобрување на состојбите во стоматологијата, како и подобрување на условите во кои работат матичните стоматолози, во тек е изготвувањето на новите анекси на договорите за 2016 година кои се во насока за релаксирање на казнената политика и за намалување на договорните казни.
Предвидено е и зголемување на платите на специјалистите стоматолози кои работат во Стоматолошкиот клинички центар, за околу 20 проценти со што се изедначуваат со нивните колеги специјалисти од останатите клиники.
Ново на Сител
-

Соседи на 57-годишник од Визбегово му ја скршиле влезната врата и го нападнале
-

Тешко повредена велосипедистка во Скопје
-

Едно разбојништво и два обиди за разбојништва вчеравечер во објекти на подрачје на Бит Пазар
-

Мицкоски: ДДВ за горивата се намалува на 10%
-

Приведено едно лице при претрес во Куманово
-

Виткоф: Конструктивни беа разговорите со украинската делегација во Мајами
-

Пронајдена почината кумановка во Средорек
-

Над 1500 луѓе загинаа во Иран во текот на првите три недели од војната, соопштија иранските власти
