Песков: Проширувањето на НАТО е навлегување во безбедноста на Русија
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека приемот на нови земји во НАТО ќе влијае врз билатералните односи на Русија со тие земји.
Истовремено, тој нагласи дека ситуацијата со Украина, чие евентуално членство во НАТО е неприфатливо за Русија, е „многу поинаква од онаа со Финска“, бидејќи Хелсинки никогаш не бил против Москва.
Тој додаде дека Москва „внимателно ќе следи што ќе се случи во Финска, како Северноатлантската алијанса ќе ја користи финската територијата, дали ќе распореди оружје, системи, инфраструктура што ќе бидат блиску до нашите граници и потенцијално ќе не загрозат. Во зависност од тоа ќе бидат преземени мерки“.
Финска од денеска е 31 земја-членка на НАТО, откако го надмина противењето од Турција. Финска заедно со Шведска во мај 2022 година побараа да бидат членки на Северноатлантската алијанса, по руската инвазија врз Украина.
Турција продолжува да ја блокира кандидатурата на Шведска за членство поради голем број спорни прашања, вклучително и загриженоста на Анкара поради „недостиг на соработка во борбата против тероризмот“.
Ново на Сител
-
Има ли Македонија функционален систем за социјално-ранливите семејства?
-
Тема на денот со Синиша Пекевски
-
Железницата Куманово-Бељаковце е пуштена во употреба
-
Преглед на вестите од светот
-
Близначиња починаа од глад и студ
-
Надзорот за смртта на 9-годишното дете е во тек - Политичките партии со меѓусебни обвинувања
-
Дел од маркетите ги замрзнаа цените на дел од основните производи во следните шест месеци
-
Синдикатот на УПОЗ бара средба со Владата