Песков: Не ги видовме доказите во врска со соборувањето на МХ17
Русија не виде ниту еден доказ од прелиминарната истрага за соборувањето на малезискиот авион „Боинг 777“ во 2014 година, која вчера ја објавија меѓународните истражители, истакна портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Тој во интервјуто за „Би-Би-Си“ укажа дека Русија од почетокот ја поддржувала идејата за сеопфатна истрага и сакала да учествува во истрагата, но тоа не и били овзможено иако дала информации по барање на истражителите.
На прашањето дали Русија ги прифаќа резултатите од истрагата, Песков нагласи дека станува збор само за прелиминарни наоди и дека истрагата ќе продолжи во 2018 година.
- Сепак, се уште мора да го чекаме конечниот суд. Се уште има многу нејасни работи. Голем број контрадикторности, И сите ние мораме да ги најдеме одговорите на тие контрадикторности, објасни Песков.
Како што вели тој, во мементов „нема што да се прифати или да се негира, станува збор за сериозна трагедија и не може истрагата да се окончассамо со соопштение без докази и детали“.
- Истрагата мора да се продолжи. За жал се уште не сме виделе никаков доказ. Не можеме да го прифатиме како конечна вистина она што го велат тие. Знаеме дека „ѓаволот“ се крие во деталите и за жал се уште ни недостасуваат многу детали, заклучи Песков.
Меѓународната истражна комисија, која го испитуваше соборувањето на малезискиот авион „Боинг 777“ над украинската територија во јули 2014 година, вчера соопшти дека анализата покажала оти ракетата од руско производство „Бук“, со која е урнато леталото, била лансирана од територијата под контрола на проруските сепаратисти во источниот дел на Украина.
Истражната комисија тврди дека располага со сознанија и докази од сведоци за тоа дека лансирната рампа за ракетата е донесена од Русија, како и дека Комисијата располага со бројни сознанија од пресретнати телефонски разговори, фотографии и видео материјали.
Комисијата тврди дека располага со изјави на сведоци кои виделе како лансираната рампа за ракетата „Бук“ била внесена преку украинско-руската граница на територијата што сега ја контролораат сепаратиситите.
Во Меѓинародната истражна комисија членуваат експерти од Холандија, Австралија, Белгија, Малезија и Украина.
Заклучокот на Комисијата сега ќе биде основа за покренување обвиненија против поединци виновни за соборувањето на патничкиот авион, за што членовите на Комисијата тврдат дека имаат докази.
Ново на Сител
-
Околу 18.000 Сиријци се вратија дома по падот на Асад
-
Сиљановска Давкова: Треба да ги тераме ЕУ реформите, Европајнин се станува со почитување на правото
-
Тошковски: Прашањето не е дали, туку кога Груби ќе се најде пред лицето на правдата во нашата држава
-
Димитровска: Нема судир на интереси во случајот со членот на ДКСК и директорот на АНБ
-
АМСМ: Забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Тетово – Попова Шапка
-
Скопјанка измамена за 45.000 денари - ја излажале дека ќерка ѝ предизвикала сообраќајка
-
Пронајдена уште една црна кутија на местото на авионската несреќа во Казахстан
-
Бегајќи од полицијата, предизвикал две сообраќајки - лишен од слобода млад скопјанец