Песков: Изјавите на Трамп не одговараат на реалноста

Изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп за потребата од согласување со Русија не се потврдуваат во стварноста, изјави денеска портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков.
Песков изјавата ја даде по повод најновите критки кон Трамп за неговиот наводно премогу пријателски однос кон Русија.
- Знаеме дека Трамп дал некои конструктивни изјави за соработката со Русија кои се однесуваат на обновата и поправањето на нашите односи. Тие, меѓутоа, не се потврдени во реалноста. Не е јасно на што точно мислел, бидејќи, за жал, во моментов состојбата со нашите односи е во длабока спротивност од овие првични изјави на претседателот Трамп, рече Песков, пренесен од Тасс.
Тој објасни дека реалноста е многу подепресивна.
- Секојдневно сме сведоци на појави кои ја влошуваат атмосферата на недоверба и тензии во односите меѓу Москва и Вашингтон, рече Песков.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Љубомир Ѓурчевски
-

Се помалку надеж за мир
-

Пожар во поранешен „Декортекс“, изгореа машини и магацин
-

Може ли иницијативата на Мерц да го придвижи процесот на проширување на ЕУ?
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче соработува со лица кои го негираат македонскиот идентитет
-

СДСМ: Мицкоски ги излажа граѓаните и за економијата
-

Семејно насилство: Статистиката расте, но се буди и свеста за пријавување
-

Судството со 300 наместо потребните 456 судии, недостасува и администрација
