Песков: Бајден ги саботира мировните планови на Трамп за Украина
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков ја обвини администрацијата на американскиот претседател во заминување Џо Бајден дека ги поткопува плановите на новоизбраниот претседател Доналд Трамп за решавање на конфликтот во Украина.
– За време на изборната кампања Трамп изјави дека има намера да обезбеди мир и да ги води сите на патот кон мирот. И сега се обидуваат да ја ескалираат ситуацијата до тој степен што овие мировни напори се осудени на неуспех, изјави Песков.
Тој потенцира дека администрацијата на Бајден покажала дека „ќе направи се за да се осигури дека оваа војна нема да заврши“.
Трамп, кој ќе ја преземе функцијата на 20 јануари, за време на предизборната кампања изјави дека ќе работи на брзо завршување на руската војна со Украина, но сè уште презентирал конкретни планови. Бајден минатата недела и дозволи на Украина да користи американски ракети АТАКМС со долг дострел против цели во Русија.
Ново на Сител
-
Избран новиот централен одбор на СДСМ, Филипче најавува враќање на победничките патеки
-
Тема на денот со Татјана Стојановска, активист во иницијативата О2
-
30 конгрес на СДСМ - Отчет за поразот и избор на телата на партијата
-
Ахмети: Без Aлбанците, Македонија нема иднина
-
Владата и банките договорија 1,95% камата за унгарските пари
-
Автопатот Охрид - Кичево готов до 2026 година
-
Мицкоски: Од следната летна или есенска сезона очекувам да има нови електрични автобуси
-
Регионална депонија во Новаци во стар рударски коп на РЕК Битола