Пешевски: Во Скопје нема ниту еден градежен инспектор – кој да ги казни газдите што не ги опремиле работниците?
Скопје нема ниту еден градежен инспектор кој би контролирал дали се почитуваат мерките за заштита при работа, вели за Детектор Иван Пешевски од Синдикатот на градежништвото. Тој вели дека во Македонија нема проблем со легислативата бидејќи закон има, но проблем и фактот дека тој закон едноставно нема кој да го спроведува, бидејќи воопшто и нема инспекциски служби.
„ Прашајте слободно да видите дека во Скопје нема ниту еден градежен инспектор. Ако искочиме по градилиштата ситуацијата е таа бидејќи нема кој да ги контролира. Не зборуваме за компании кои што навистина почитуваат социјален дијалог, кај што има синдикално организирани работници и каде што работодавачот вложува во лична заштитна опрема, но тоа не е репер тоа не е репрезент за нашето општество. Јас не сум слушнал дека некој е казнет или му се затворила фирмата поради тоа што не ги испочитувал мерките за безбедност и здравје при работа.“ – вели Пешевски за Детектор.
Пешевски вели дека поради немањето на инспектор и отсуството на контрола градежништвото е во ситуација кога се е оставено на совеста на работодавачите кои пак, мерките за безбедност и заштита при работа ги чувствуваат како некој директно на им брца во џебот.
Ново на Сител
-
Градежниците и портокаловата фаза
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт
-
Поплавени куќи, свлечишта, над 200 пријави за штети во Тетовско
-
22735 членови ќе гласаат за нов претседател на СДСМ
-
Истрага за смртта на бебето од Прилеп
-
Македонија со Влада, Мицкоски ја презеде премиерската функција
-
Муцунски во Луксембург: Европска агенда ослободена од билатерални прашања