Пешевски: Граѓаните ги избираат конструктивноста и проектите на ВМРО-ДПМНЕ
Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и вицепремиер за економски прашања Владимир Пешевски вечерва на средбата со жителите во Петровец истакна дека наместо деструктивноста и манипулациите на СДСМ, граѓаните ги избираат конструктивноста и проектите на ВМРО-ДПМНЕ.
– Наместо обвинувања и ширење на дезинформации, граѓаните сакаат програми и проекти. Проекти кои создадоа 160.000 работни места со кои невработеноста е намалена на рекордно ниски 24 отсто, проекти со кои се градат и рехабилитираат патишта, основни и средни училишта, градинки, болници, проекти и за помладите но и за постарите, истакна Пешевски.
Граѓаните, како што рече тој, знаат дека со работа, посветеност и труд се постигнуваат резултати и токму затоа ја даваат својата доверба на ВМРО-ДПМНЕ.
- Граѓаните на изборите на 11 декември ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, затоа што се сигурни дека ние ќе ја оправдаме нивната поддршка. ВМРО-ДПМНЕ со сигурност победува на следните избори и со тоа ќе ставиме крај на политичката криза и ќе продолжиме со реализација на проекти за поубава и постабилна иднина, рече Пешевски.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Елмедин Конаковиќ, Министер за надворешни работи на БиХ
-
Да се симнат табуата и мажите почесто да прават лекарски прегледи
-
До утре комплетен список на министрите на Владата на Мицкоски
-
Тивок бојкот во СДСМ
-
Ќе плаќаме ли поскапа струја од 1 јули?
-
Зголемен обем на работа во ГОБ 8 септември поради хаосот со салите на Клинички, а кадарот масовно си заминува
-
Спасителите на вода неопходност за безбедни капалишта
-
Националната земјоделска мрежа ги утврди производната и откупната цена на пченицата