Перуанка и пркосеше на смртта во подивена река

Евангелина Каморо Диаз (32) стана нова перуанска хероина, откако успеа да преживее во разбеснетите води на надојдената река, која ја однела додека се движела на брегот.
- Луѓето можеа само немо да гледаат како реката носи се пред себе, додека во еден момент од калливата вода не исплива жена, која едвај доплива до брегот, ијзави очевидец на настанот.
Дијаз подоцна за медиумите раскажа дека ја спасиле откорнатите дрвја што пловеле по реката.
Евангелина сега е во стабилна состојба, но има исеченици и модринки по телото.
Во поплавите и лизгање на земјиштето, предизвикани од обилните поројни дождови во регионот на главниот град на Перу, Лима, животите ги загубија најмалку 48 лица. Според перуанските медиуми, елементарните непогоди уништиле повеќе улици, училишта и фабрики во северниот дел од земјата.
Ново на Сител
-

ЗНАМ не се изненадени од одлуката на Цеков да ги напушти
-

Тема на денот со Ѓорѓи Тоновски, универзитетски професор
-

Преглед на вестите од светот
-

Пратенички прашања во Собранието
-

Миле Цеков ја напушти пратеничката група на ЗНАМ, ќе делува како независен пратеник
-

Драстичен скок на цената на нафтата, последиците кај нас допрва ќе следат
-

Македонија падна за три места на индексот за слобода на медиуми – состојбата е „проблематична“
-

Вандализам во ООУ “Ванчо Прќе” во Штип - наставата во прекин поради уништениот инвентар
