Перишиќ: Состојбата на 73-годишниот Македонец во Србија не е последица на вакцината

Состојбата на 73-годишниот маж од Македонија, на кој му се слоши во салата „Чаир“ во Ниш викендот е непроменета и тој се уште е во кома. Тоа го изјави директорот на Универзитетскиот клинички центар, Зоран Перишиќ за БЕТА.
-Анализите покажаа дека неговата состојба не е последица на примената вакцина, изјави Перишиќ.
Лекарите ги елиминирале срцевите проблеми како причина за состојбата, бидејќи е направена коронарна ангиографија и се проверува состојбата на четирите бајпаси што ги имал пациентот од претходно.
Станува збор за таткото на Влатко Ѓорчев, познатиот лекар Ангелко Ѓорчев. За ова информира самиот Влатко Ѓорчев на својот Фејсбук профил.
Директорот на Здравствениот дом во Ниш, Милорад Јеркан, вчера изјави дека на маж од Македонија му се слошило во салата „Чаир“. Неговите први проценки беа дека не е нешто сериозно. Јеркан вчера за случајот на Македонец на кој му се слошило, изјави дека во такви ситуации се можни колапси и како потенцијална причина го наведе заморот.
Тој посочи и дека освен овој случај немало други интервенции и дека имунизацијата поминала добро, како и дека се дадени околу 4.000 вакцини. Вакцинацијата на граѓаните од соседните земји на Србија продолжи и вчера.
Ново на Сител
-

САД и Македонија со договор за реципрочна, фер и балансирана трговија
-

Меџити: Чекорот на Беса ќе го следат и другите партии за ВРЕДИ да прерасне во еден политички субјект
-

Скопскиот градоначалник најавува стартување на повеќе проекти
-

Од почетокот на годината во струмичко радовишкиот регион откриени над 20 случаи на дрвокрадство
-

АДКОМ и РКЕ бараат поддршка од ЗЕЛС за обврзувачки тарифи за водните услуги
-

Преглед на вестите од светот
-

Состанок на раководството на БЕСА
-

Тема на денот со Димитар Богоески, директор на Државниот Архив
