Перформанс „Сите бои на џезот” се одржа во Крива Паланка

Во Крива Паланка вечерва се одржа уметничкиот перформанс насловен „Сите бои на џезот”.
Настанот е во организација на Центарот за аудиовизуелни уметности од Крива Паланка, во рамки на програмата „Нов културен бран 2019“ поддржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија.
– Станува збор за веќе препознатлив проект, спој на музика, џез, и уметност, ликовно творештво. Досега се одржани повеќе вакви мултимедијални настани во Крива Паланка, Кратово и Куманово. Годинава ова е прв перформанс, кој опфати концерт на „Марија џез трио“ и уметнички перформанс на двајца врвни ликовни уметници: Димитар Стојчевски, академски сликар и Нела Јанковска, академски скулптор, кои создадоа прекрасна атмосфера која ги воодушеви присутните, изјави Жаклина Цветковска од „КААРТС“, Центар за аудиовизуелни уметности – Крива Паланка.
По настанот во Крива Паланка, предвидено е вакви мултимедијални содржини да бидат презентирани и во останатите општини од регионот.
Ново на Сител
-

Претседателот на Црна Гора Јаков Милатовиќ во официјална посета на Македонија
-

16 нови доктори на наука на УГД - знаење за практичен напредок
-

Преглед на вестите од светот
-

По децении дивоградби аеродромот во Охрид и МВР добија имотен лист
-

Обвинетиот Стојанче Јовановски прво призна вина, па се предомисли
-

Мицкоски во Унгарија
-

Тема на денот со Арбен Таравари, претседател на Алијанса за Албанците
-

Сител сторија: Спомен домот на Разловечкото востание конечно ќе види светли денови
