-->
-->
Перез веќе бара замена за Лопетеги
-->

Шефот на Реал Мадрид, Флорентино Перез размислува за варијанти за тренерскиот пост на Хулен Лопетеги, кој може да биде отпуштен при продолжување на лошите резултати.
Според шпанските медиуми помеѓу опциите за иден тренер на „Кралскиот“ клуб се поранешниот менаџер на Челзи, Антонио Конте, но и Жозе Мурињо, чија позиција на „Олд Трафорд“ останува несигурна. Друго име за кое се шпекулира е Сантијаго Хернан Сколари, кој во моментов е на чело на вториот тим на „Кралевите“, а опции се уште Французите Лоран Блан и Арсен Венгер. Првиот за последно беше на чело на ПСЖ, а вториот си замина од Арсенал на крајот на минатата, по над 20 години во клубот.
Перез имал најголема желба за Масимилиано Алегри, кој сепак е цврсто на чело на Јувентус, кој се претставува прекрасно оваа сезона.
Во зависност од резултатите на Реал против Леванте, Викторија Плзен и Барселона ќе се реши и судбината на сегашниот тренер Лопетеги, под чие раководство Реал е без успех во четири последователни натпревари во сите натпреварувања без одбележан гол, а во само еден од нив не запиша пораз.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Одлуката на Г7 за ослободување нафта и дизел од резервите само привремено ќе ги намали цените на горивата, сметаат експерти
-

Рама: Европската Унија ја лаже Украина
-

Зеленски: Украина ќе ги засили нападите врз руските рафинерии за нафта
-

Утре посебен режим на сообраќај поради Скопскиот маратон
-

Тројца основци нападнати за време на училишен излет во Сарај
-

Починат 60-годишник пронајден на автобуска постојка во Драчево
-

Силувал девојче под 15 години, го снимал чинот и ја уценувал - кривична за малолетник од Скопје
-

Мицкоски за Изборниот законик: Левица, СДСМ и ДУИ нека дојдат со предлог, ние сме за гласање на дијаспората
