Пензионерите загрижени за исплата на пензиите, бараат итни мерки
Пензионерите во Македонија, чиј број е околу 300.000 се заинтересирани навремено да се добиваат пензиите како што беше тоа во изминатите години, до 6-ти во месецот. Изразуваат загриженост и реагираат на дека ова може да биде доведено во прашање со исплатата на ноемвриската пензија во декември годинава.
- Самата најава дека навремената исплата која со години наназад е до 6-ти во месецот, овој пат може да биде доведена во прашање има големо реагирање кај членството на Сојузот на пениознерите и се смета дека треба да се изнајдат сите мерки да не дојде до еден таков проблем за исплата на пензиите на пензионерите, изјави претседателот на Сојузот на здруженија на пензиоенрите Драги Аргировски.
Според него, овие 300.000 пензиоенри издржуваат една или две генерации на деца, така што тие се заинтересирани пензиите да се исплаќаат редовно и затоа треба да се изнајдат сите мерки да не се доведе во прашање исплатата на пензиите во Република Македонија.
- Последните 4-5 години пензиите за претходнито месец се исплаќаат редовно до 6-ти во наредникот месец. Ако се доведе во прашање исплатата на пензиите за овој месец ќе дојде до голем проблем меѓу пензионерите и граѓаните на Република Македонија. Тоа ќе биде навистина револт, зотоа што тоа е една нормална работа да се примаат пензиите навремено, рече Аргировски.
Ваквата реакција на пензинерите, следи по вчерашните најави дека се доведува во прашање исплатата на плати и пензии доколку се укине издавањето на државните записи со што се укинуваат мехабнизмите за нормално и непречено реализирање на буџетот.
Министерството за финансии вчера информираше дека ветото на опозициската СДСМ на издавањето државни хартии од вредност значи дека пензиите нема да се исплатат на почетокот на месецот како што секогаш се исплаќаат овие девет години, нема да се исплатат платите за полицијата, војската, здравствените и образовните работници, социјалната помош, ќе се запре изградбата на патишта, водоводи, капитални проекти, ќе се запре исплатата на субвенции,....
Појаснуваат дека издавањето на државните хартии од вредност е предвидено со Буџетот за 2015 година, изгласан од Собранието на РМ, и со неговото попречување се крши и законот.
Во контекст на аукцијата, од Министерството за финансии посочуваат дека за следната недела се предвидува продажба на државни записи во вредност од 100 милиони евра, а истиот месец доспеваат за исплата стари записи во вредност од 5,2 милијарди денари или 84,6 милиони евра. Значи, истакнуваат, тоа не е ново задолжување, туку рефинансирање на веќе запишани хартии од вредност, објаснува Министерството за финансии.
Потсетуваат дека државни хартии од вредност се издаваат од 2004 година. - Доколку на тоа се додадат 150-те милиони евра од еврообврзницата која беше издадена во 2005 година од страна на Владата на сега опозициската СДСМ, тоа се вкупно 234,6 милиони евра кои треба да се вратат во декември. Од нив 210 милиони, заедно со еврообврзницата, треба да се исплатат заклучно 8-ми декември – ист период кога се исплаќаат платите и пензиите, наведоа од Министерството за финансии.
Ново на Сител
-
ОН одобри нова мировна мисија во Сомалија
-
Јамал: Ќе се вратам уште посилен по повредата
-
Русија соопшти дека ноќеска уништила десетици беспилотни летала кои Украина ги користела за напад на нејзина територија
-
Сиљановска-Давкова, Мисајловски и Лафчиски на видео-конференциска врска со македонските мировници
-
Мексико: Се судрија автобус и камион, осум загинати, 27 повредени
-
Ново обвинение за струшкиот градоначалник, одземен му е пасошот и друга исправа за преминување граница
-
Трамп го повика Врховниот суд да го прекине спроведувањето на законот за забрана на ТикТок
-
Протестен марш против аерозагадувањето во Скопје