-->
-->
Пензионер и момче силувале девојка - "Шокирани сме тој не е силувач девојките летаат по него"
-->

Полицијата во Истра, Хрватска ги уапсила Д.П.(68) и Т.Д.(19) поради сомнение дека ноќта помеѓу 18. и 19. мај силувале една девојка.
Неименуваната девојка пријавила дека Д.П. и Т.Д. и понудиле да па префрлат од едно кафуле до дома, меѓутоа, со автомобилот отишле во сосема друг правец, а потоа ја силувале.
Иако се спротивставувала и негодувала, напаѓачите ја извлекле од возилото кога пристигнале во еден ресторан, кој според тврдењата на девојката, е во сопственост на Т.Д., син на припадничка на полицијата. Агонијата која ја преживувала наводно траела неколку часа, пренесува Јутарњи.хр.
Освен што не и дозволиле да го напушти ресторанот, девојката и сексуално ја искористиле. Пред зората се „смилувале“, ја ставиле во автомобилот, а потоа ја исфрлиле сред пат пред Умаг.
Кога се нашла на слобода, девојката веднаш повикала полиција, која ја одвела во болница на преглед. Полицајците брзо ги пронашле двајцата напаѓачи. Нив по сослушувањето им е одреден притвор.
Пријателите на Т.Д. се шокирани од тоа што се случило.
- Шокирани сме. Тој не е силувач. Девојките летаат по него. Таа со него се договорила за секс, тврдат пријателите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Рокас: Заложбите од 2022 година треба да се спроведат, се надевам на контруктивност од соседите и ЕУ во наредните месеци
-

Со изведување материјални докази продолжува судењето против 13 полицајци за пожарот во „Пулс“
-

Во август излегува албум на Принс со досега неиздадени песни
-

Николоски: Набавуваме нови 49 возила и опрема за одржување на хигиената низ општините, најголема поддршка од Владата досега
-

Австралија заплени рекордни 100.000 илегални егзотични лебарки
-

Почна доброволното служење воен рок за жени во Грција со 72 кандидатки
-

Форбс: Тејлор Свифт е најбогатата музичарка во историјата
-

Македонските аеродроми меѓу најбрзорастечките во Европа, бележат рекордни 31 отсто раст во патничкиот сообраќај за првите 5 месеци
