Пентагон: Силно ќе ги браниме нафтените полиња во Сирија
На секој обид за одземање на нафтените полиња од курдската милиција во Сирија која има поддршка од САД, Вашингтон ќе одговори со силна употреба на сила, без разлика дали противникот е Исламска држава или силите кои имаат поддршка од Русија или Сирија, соопшти Пентагон.
Американскиот министер за одбрана Марк Еспер ставот на Пентагон го потврди и на прес-конференција, истакнувајќи дека американските сили ќе останат позиционирани во делови околу нафтените полиња, кои тој ги нарече „стратешки области“.
На прашањето дали американските трупи ќе спречат какви било обиди на сириските или руските трупи за пристап до нафтените полиња, тој рече да.
– Кусиот одговор е да, моментално е така, рече Еспер.
Тој истакна дека поголемиот дел од Сириските демократски сили (СДФ), кои имаат поддршка од САД, зависат од приходите од нафта за да можат да обезбедат паричен надомест за своите борци.
Еспер додаде дека меѓу тие борци има и некои кои се задолжени да чуваат затвори во кои се затворени припадници на Исламска држава.
– Ние сакаме да бидеме сигурни дека СДФ имаат пристап до ресурси за да ги чуваат затворите, да ги вооружат своите трупи и да не поддржат во мисијата против ИД, рече Еспер.
Ново на Сител
-
Руско МНР: Европа нема право да учествува во преговорите за Украина
-
Со инвестиција од над една милијарда евра во енергетиката во земјава влегува турската групација „Казанчи Холдинг“
-
Во Белград протест на просветните работници, а студентите од различни градови пешки тргнаа кон Ниш
-
Со помош на изработен лажен клуч, две лица провалиле во стан во Скопје и одзеле 250 евра и накит
-
Кремљ го прифати извинувањето на Вучиќ за гласањето за резолуцијата во ОН
-
Две заторенички физички се пресметале во КП Идризово, едната се здобила со тешки телесни повреди
-
Пријава за „злоупотреба на службена положба и овластување“ за четворица струмичани од Комуналец
-
Таравари најавува законски измени за департизација на здравството