Свет
22. March 2016 - 8:29

Пентагон: Против ИД во Ирак се борат 3.870 американски војници

Против Исламска држава во Ирак се борат 3.870 американски војници, изјави портпаролот на единиците на американската армија кои војуваат против ИД во Ирак и Сирија, Стив Ворен.

– Во Ирак има вкупно 3.870 американски војници. Тоа е максимално дозволената цифра и не смееме да ја зголемуваме, изјави Ворен преку видео-врска од Багдад за новинари во Пентагон.

Полковникот потврди медиумски написи за распоредување на артилериски тимови во северен Ирак. Тој исто така потврди дека околу 200 специјалци се распоредени близу Махмур во Северен Ирак.

– Артилериската единица е распоредена пред две недели за заштита на илјадниците ирачки војници и стотина американски советници кои подготвуваат напади кон Мосул. Тие се на околу 20 километри од линијата на фронтот, нагласи Ворен.