Пенс со порака до сојузниците во Источна Европа: САД е со вас
За време на посетата на потпретседателот на САД Мајк Пенс на 2 август, во Подгорица се очекува целосно запирање на сообраќајот на трасите каде тој ќе се движи, а најавено е и дека воздухопловниот сообраќај ќе биде затворен на неколку часа, кога тој ќе слета во Подгорица.
Инаку Пенс, синоќа стаса во Талин, а денеска ќе има средби со претседателите на Летонија, Литванија и Естонија. Од таму, заминува во посета на Грузија, а задутре ќе пристигне во Подгорица.
Пенс, синоќа пред новинарите изјави дека во Европа го праќа претседателот Доналд Трамп со „многу едноставна порака“. - Тоа е дека Америка на прво место, не значи Америка сама. Нашата порака до балтичките земји, а и мојата порака кога ќе ги посетам Грузија и Црна Гора, ќе биде иста за нашите сојузни овде во Источна Европа - Ние сме со вас, истакна Пенс за Фокс њуз.
На 2 август во Подгорица ќе се одржи средба на потпретседателот на САД со високи претставници на земјите членки и на земјите набљудувачи, членки на Јадранската повелба, чиј претседавач оваа година е Република Македонија.
Република Македонија заедно со Црна Гора е и кодомаќин на овој значаен настан.
Македонија, заедно со Албанија, Хрватска, Црна Гора и Босна и Херцеговина е членка на Јадранската повелба, а Србија, Косово и Словенија имаат статус на земји набљудувачи во групата.
Групата Јадранска повелба е формирана под покровителство на САД во 2003 година и има за цел да ги координира активностите за поддршка на земјите аспиранти за членство во НАТО.
Инаку, РТЦГ соопшти дека Пенс, неговата сопруга Карен и американската делегација најверојатно ќе бидат сместени во хотелот Хилтон, а разговорите со претседателот и премиерот на Црна Гора Филип Вујановиќ и Душко Марковиќ ќе се одвиваат во Вила Горица. За тоа време, Карен ќе замине во посета на фарма за мед и на Скадарското Езеро.
Ново на Сител
-
Пленковиќ тврди дека има повеќе од 76 пратеници за состав на влада
-
Најстудено утрово во Лазарополе
-
Болните, затворениците и лицата во старските домови први гласаат на двојните избори
-
Акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи за изборите на 8 мај
-
Израел испраќа делегација на преговорите и ги продолжува операциите во Рафа за да изврши воен притисок врз Палестинците
-
Одбележување на Денот на полицијата, посебен сообраќаен режим во општина Аеродром
-
Стано: Амбасадорите на ЕУ, САД, Германија, Велика Британија, Балтичките земји, нема да присуствуваат на инаугурацијата на Путин
-
Сообраќајот непречено, по претежно суви коловози