Пендаровски во Демир Хисар: Заедно напред за демократска, напредна и европска држава
Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски вечерва на средба со жители на Демир Хисар побара на 21 април да се заокружи бројот 3 на гласачкото ливче, не само за да победи тој туку и за да победи опцијата која, како што рече, е за напредок, иднина и економски развој.
– На гласачкото ливче има контраст од понуди како никогаш досега, како црно и бело. Опцијата на Гордана Сиљановска нуди поништување на се што е постигнато, а тоа значи блокада, изолација и враќање назад во тунелот на Груевски. Ние решивме да гледаме напред и да ги затвориме и најтешките прашања. Ако продолжиме со реформските процеси, јас ви гарантирам дека во јуни ќе добиеме датум за почеток на преговорите со Европската унија, рече Пендаровски.
Во 2018 година, како што рече, по добивањето на покана за членство во НАТО, само за половина година, директните странски инвестиции беа 624 милиони евра, тоа е двојно повеќе од најдобрата инвестициска година.
– Од држава со привремено име ПЈРМ, ние сега сме држава со безбедносни гаранции и гаранции дека сме Македоци по јазик и идентитет. Очигледен е напредокот, важно е да продолжиме напред, најмногу заради младите, рече Пендаровски.
Тој повика на слога и единство и потсети дека неговиот слоган е „Заедно напред“. Да работиме сите бидејќи, како што рече, отворените перспективи кон ЕУ и НАТО носат само добро за државата и младите. – Заедно напред за демократска, напредна и европска држава, порача Пендаровски во Демир Хисар.
Ново на Сител
-
Над 10 отсто од лицата на возраст за пензионирање во ЕУ и натаму работат
-
Митева: Никој што е вмешан нема да биде амнестиран во истрагата за Кочани
-
Американските власти го привеле најпознатиот „тиктокер“ во светот, Хаби Лејм
-
Градоначалникот на Тирана, Велиај, останува во притвор, одбиено барањето за поблага мерка и понудената кауција
-
Иран ја проширува забраната за шетање кучиња во дваесетина градови: „Нечисти се и се симбол на Западот“
-
Орбан: Русија не може да победи ниту во Украина, а не пак да се спротистави на НАТО
-
Квaлификaции зa CП 2026: Макeдoнијa победи прoтив Кaзaxстaн
-
Невреме во Букурешт: Поплави, соборени дрвја и доцнења на летови