-->
-->
Пендаровски се сретна со претседателката на српското Народно собрание Гојковиќ
-->
Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на официјалната посета на Република Србија, денеска се сретна со претседателката на српското Народно собрание Маја Гојковиќ.
На средбата, како што соопшти кабинетот на Пендаровски, биле разменети мислења за билатералните односи меѓу Македонија и Србија, а од страна на претседателот Пендаровски било изразено уверување дека традиционалното пријателство, засновано на взаемна почит и разбирање и натаму ќе се продлабочува, имајќи предвид дека двете земји имаат долга заедничка историска и културна традиција и споделени цели за европска интеграција.
Во рамки на разговорите станало збор и за добрата парламентарна соработка меѓу двете земји, како и парламентарната димензија на претпристапниот процес за членство во ЕУ и искуствата кои би можеле да се разменуваат меѓу двете земји со оглед на заедничката стратешка цел за членство во Европската Унија.
Претседателот Пендаровски и претседателката на српското собрание Гојковиќ се осврнале и на актуелните состојби во регионот, при што претседателот Пендаровски ја нагласи потребата од изнаоѓање темелни и одржливи решенија на регионалните прашања со цел трајна стабилност и просперитет на целиот регион.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Македонија се задолжува 50 милиони евра
-
Џафери: Арсовска да ја искоси тревата во дворот на Владата
-
Џафери за бојкотот на претседателските избори: Груби не е влада, ниту партија
-
Зеленски и ја честита победата на Сиљановска-Давкова
-
Сплит: Вработена му помогнала на муштерија да хакира машина за игри на среќа
-
Повлечени 104.000 пакувања леб во Јапонија откако во две биле пронајдени траги од глувци
-
Земјотрес во Србија
-
Најмногу дожд на Попова Шапка во изминатите 24 часа