Македонија
10. November 2021 - 21:47

Пендаровски: Повлекувањето на Заев од политиката е прашање на месеци

Претседателот Стево Пендаровски во вечерашното гостување во ТВ21 изјави дека причините за оставката на Заев не се само политички, туку и длабоко лични.

-Јас мислам дека независно од последните најави, од вчера дека тој ќе остане уште извесен период, јас мислам дека неговото повлекување од политиката е прашање на месеци.Затоа што кога одите во некаква политичка одлука, повлкеување од политика што е прилично крупна ,одлука по толку години односно по две тешки поминати години бомбите, референдум, таму мора да има сет на мотиви и причини и тоа не е прекршено преку ноќ, вели Пендаровски.