Пендаровски потврди: Полкот за специјални операции повеќе нема да постои
Полкот за специјални операции повеќе нема да постои, односно ќе се трансоформира во Баталјон за специјални сили, изјави за телевизија Алфа, претседателот Стево Пендаровски, откако професорот Александар Нацев викендов ја крена на нозе јавноста, обвинувајќи дека Пендаровски и Шекеринска имале своја агенда за расформирање на најелитниот состав во нашата Армија.
-Полкот за специјални операции не се расформира, туку се трансформира во Баталјон на специјални сили, кој ќе биде потчинет на Оперативната команда, а не како досега на Генералштабот, велат од Кабинетот на Пендаровски.
Нацев предупреди дека планот на Пендаровски и министерката за дбрана Шеќеринска бил дел од договор меѓу коалициските партнери СДСМ и ДУИ, со цел во батаљонот за специјалните намени „Волци“ да се примаат само кадри што ќе бидат одобрени од ДУИ.
Од кабинетот, не го демантираат ова. Велат ќе била обезбедена соодветна правична застапеност на сите заедници во државата.
-Соодветната и правична застапеност на сите заедници во Армијата е принцип кој мора да се зачува. Иако претседателот нема надлежност над поединечните конкурси за вработување на припадници на Армијата, како врховен командант поддржува политики преку кои ќе се овозможи соодветна и правична застапеност на сите заедници во Армијата и принципот – кој и да е војник, на кое било место на кое ќе конкурира да биде избран исклучиво врз основа на своите способности, велат од кабинетот на Пендаровски за ТВ Алфа.
Ново на Сител
-
Вреди: Не треба да се отвораат старите рани
-
Победа над Фарски Острови - македонските ракометари се пласираа на Светско
-
Пендаровски се заблагодари на граѓаните за укажаната доверба
-
ЦУК: Спасени две лица кои со „квадрицикл“ излетале во провалија на Шара
-
Приштина: Притвор од 30 дена за државјанин на Србија вмешан во ланските немири во северно Косово
-
ЕУ потсетува на важноста од целосно почитување на Договорот од Преспа
-
Мишел и Фон дер Лајен со честитки во Сиљановска Давкова: Очекуваме соработка на европскиот пат на земјата
-
Алексеј Навални постхумно ќе ја добие наградата за мир во Дрезден