Пендаровски-Пахор: Конструктивна поддршка од Словенија за аспирациите во ЕУ и НАТО
Претседателот Стево Пендаровски денеска во Нови Сад се сретна со неговиот словенечки колега Борут Пахор, во рамките на 4. Регионален младински форум.
Како што соопшти претседателскиот Кабинет, на средбата беше оценето дека двете земји имаат одлични односи кои се карактеризираат со пријателство и меѓусебно разбирање, а беа разменети и мислења за можностите за понатамошно унапредување и збогатување на соработката во повеќе области од взаемен интерес.
– За Македонија не постои друга алтернатива, освен европската интеграција, посочи претседателот Пендаровски.
Тој се заблагодари за отворената и конструктивна поддршка од Словенија за аспирациите на нашата земја за членство во ЕУ и во НАТО, што беше потврдена со ратификацијата на Протоколот за членство на Македонија во НАТО, како и постојаната поддршка во рамките на Европската Унија, се наведува во соопштението.
Пахор на средбата ги повтори заложбите на Словенија за отпочнување на преговорите на Македонија со Европската Унија. Во таа насока, Пендаровски додаде дека интеграцијата на Македонија, како и на другите земји од Западен Балкан во европските структури ќе биде огромен придонес кон трајна стабилизација на регионот, како и просперитетот на нашите општества, се наведува во соопштението од претседателскиот Кабинет.
Ново на Сител
-
ЕУ ќе стационира пожарникари од 12 земји на жариштата на шумските пожари
-
Очевидци: Израелските трупи навлегле подлабоко во Рафа
-
Париз очекува да заработи над 11 милијарди евра од ОИ
-
Истражување: Половина од раселените Украинци изразиле подготвеност да се вратат во земјата
-
ЈОРСМ: Извршен увид и обезбедени траги за вештачење од местото на убиството во Стајковци
-
НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата
-
17-годишно момче исчезна од установа за згрижување деца во Карпош
-
OpenAI ja претстави најновата верзија на својот чатбот – ChatGPT-4o