Пендаровски: Никогаш не сум калкулирал со поддршка за нов мандат
Засега не размислувам за втор мандат и никогаш не сум калкулирал со поддршката за нов мандат, изјави претседателот Стево Пендаровски на денешната прес-конференција.
-Пред некој ден направив четири години мандат, македонската јвност има прилика секој ден да го следи моето однесување. Знае дека во неколку наврати за битани проекти сум имал спротивно мислење од Владата или од партиите во сегашната Влада која ме поддржа и 2014 и 2019 година. Не сум калкулирал со поддршка никогаш. Слушам дека некои размислуваат и во некоја слична малку модификувана насока, бидејќи Бехтел и Енка се во позадина, дали ако јас потпишам ќе ја добијам поддршката од Америка и обратно. Тоа се детски анализи, никогаш немале втемеленост во реалноста. Никогаш не сум размислувал на таков начин. Ако е нешто во прилог на граѓаните го потпишувам, сосема небитно кој го предлага до мене. Ако е нешто спротивно на нивните интереси, не знам кој да се јави, не може да ми влијае. На многу инстанци сум покажал дека размислувам со моја глава, вели Пендаровски на новинарско прашан дали калкулирал за нов мандат со потпишувањето на законите поврзани со изградбата на коридорите 8 и 10 д.
Тој додава дека тоа неколку пати го кажал, од, како што наведе, фамозната прес конференција 2019-та, кога беше апсен тогашниот специјален јавне обвинител до денеска законот за илегални градби, да нема праг за евентуална пормена на изборниот модел каде би можеле и помалите партии да влезат во Патламернт а не само тој тогаш предложен праг од 4-5 процени.
За тоа дали се плаши од Оливер Спасовски како можен кандидат на власта на наредните претседателски избори, шефот на држвата вели дека дека најважна е довербата во самиот себе.
- Ако имаш страв во животот, не се впушташ во ниедна работа, не само во политиката. Ако имаш страв од едикојси, најбитно е да имаш не страв кон некого, да имаш доверба во себе си. Ако самиот се чувствуваш подготвен, мислам дека не постои толку голем страв од некој опонент потенцијал кој може да те инхибира или да останеш дома да гледаш телевизија, потенцира Пендаровски.
Ново на Сител
-
Леброн Џејмс денеска полни 40 години
-
Потврдена пресуда против Трамп за сексуално злоставување
-
Агелер за Груби: Важно е луѓето да бидат повикани на одговорност за нивните дела, се надевам дека тој е еден од нив
-
ОЈО ГОКК донесе наредба за распишување потерница и предложи притвор за Васко Ковачевски
-
Судскиот совет на РСМ ќе избира нов претседател на 3 јануари
-
19-годишен возач прегази малолетен пешак во тетовско
-
Таткото и мајката на детето кое изврши убиства во ОУ „Владислав Рибникар“ осудени на 14,5 и на три години затвор
-
Пад на индустриското производство