Пендаровски: Нема гаранции за датум
Нема гаранции дека Македонија ќе добие датум за почеток на преговори на следниот ЕУ Самит во Загреб. И по средбата со неговиот француски колега Макрон, кај претседателот Пендаровски преовладува претпазливост за позитивен исход во мај.
Единствена гаранција која ја добил од Макрон е дека новата методологија за проширување ќе биде изработена најбрзо што може. Остануваме да чекаме како земјите членки ќе се усогласат околу ова прашање, вели Пендаровски.
Она што е важно, вели Пендаровски, е дека од Македонија не се бараат никакви дополнителни услови. Макрон дополнително се интересирал и за тоа каква би била реакцијата на домашната политичка сцена доколку се Македонија и Албанија се одвојат при определувањето на датум за преговори.
Она што засега е поизвесна блиска иднина за Македонија е членството во НАТО. Две ратификации ја делат Македонија од полноправно партнество во Алијансата, а правен проблем кај нас може да направи онаа во Шпанија, која чека нова влада.
Во случај да дојде по 11-ти февруари, Македонија ќе нема функционално Собрание, бидејќи тоа треба да се да се распушти согласно со изборите во земјава.
Според Пендаровски, шпанската ратификација ќе се случи навреме, но и во спротивно, тоа нема да претставува поголем политички проблем за земјава.
-
Горан Симоновски
Сите содржини од овој новинар