Пендаровски на средба со директорката на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура
Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска, директорка на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, која го информираше за подготовките за одржување на 54. Летна школа на Семинарот.
Школата традиционално секоја година се одржува во Охрид, со исклучок на минатата година кога, поради пандемијата на Ковид-19, се одржа виртуелно.
-Ако дозволат условите годинава, како што истакна Мојсова-Чепишевска, Школата ќе се одржи во втората половина на август со учество на македонисти од целиот свет. Претседателот Пендаровски ја истакна важноста на Меѓународниот семинар во проучувањето и изучувањето на македонскиот јазик и неговата афирмација во светот, преку постојните лекторати и центри за изучување на македонскиот јазик во десетина универзитети во светот, соопшти Кабинетот на Пендаровски.
На средбата се разговараше и за тековната реализација на активностите во рамки на манифестацијата „2021-Година во чест на Блаже Конески“, како и за идејата за отворање лекторат по македонски јазик на Универзитетот во Анкара.
Ново на Сител
-
Екологистите бараат поголема заштита на езерото под заштита од УНЕСКО
-
Гужви на граничните премини
-
Даку се извини - УЕФА почна постапка за санкции
-
Агелер ја поздрави најавата на Мицкоски дека ќе го користи уставното име
-
Вреди ги претстави своите министри
-
Преглед на вестите од светот
-
Трендафилов: Бизнисмените се алчни и вештачки ги зголемуваат цените за да направат поголем капитал
-
Teма на денот со Атанаско Туневски